Претходно
Кафе на денот: Еспресино
Едноставна комбинација од чоколадо и еспресо
Потребни состојки:
- 30 милилитри свежо подготвено еспресо
- 85 милилитри ладно полномасно млеко
- 1 лажичка какао во прав
- 1 лажичка Нутела
Начин на подготовка:
Пред да го подготвите еспресото, најпрво направете пена од млекото со пареа, но внимавајте да не ја загреете премногу и оставете ја малку да отстои. Потоа намачкајте ги со Нутела ѕидовите на топла, сува шолја за кафе и просејте го какаото на дното. Подгответе го еспресото во истата шолја и додајте ја и пената заедно со млекото. Декорирајте со прстофат какао на врвот.
Совет: Прилагодете ја мерката на чоколадните состојки според вашиот вкус.
Ви треба нешто посилно? Пробајте го и ова силно еспресо кое е совршено за долгите ноќи!