Претходно
Кафе Јамајка (Jamaica Coffee)
Совршена кафе напивка после вашиот оброк – брзо се подготвува, има силен вкус „зачинет“ со малку алкохол и изгледа фантастично. Декорацијата ќе ви ја оставиме вам, а еве го рецептот…Потребно време за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
- 20 мл црн рум
- 20 мл ликер од кафе
- 200 мл варено црно кафе
- шлаг
Начин на подготовка: Сипете ги румот и ликерот од кафе во декоративна чаша за кафе, а потоа наполнете ја со штотуку сварено кафе. На крајот додадете шлаг и украсете ја со неколку зрна кафе.