Кафе и појадок во едно смуди!

Кафе и појадок во едно смуди!

Љубители сте на кафе и здрави оброци? Ако сте една од оние личности кои секогаш доцнат и утрата не им се омилен дел од денот, во својата рутина вклучете го ова идеално смуди со кафе. Ќе ве разбуди, можете да го пиете и во одење, а и ќе ве засити. Количината е доволна за две големи сервирања, а ќе ви бидат потребни добар блендер и две минути.

Кафе и појадок во едно смути!

Потребни состојки:
  • 250 милилитри кафе
  • 1 голема банана
  • 250 милилитри грчки јогурт
  • 1 лажичка ленено семе
  • 2 лажици мед
  • 1/2 лажица цимет
  • 1/4 лажица мускатно оревче
  • Мраз
Начин на подготовка:

Ако имате силен блендер, мразот слободно ставете го одма. Во спротивно, ставете неколку коцки мраз откако со блендерот убаво ќе ги изматите сите состојки. Можете да декорирате со стапчиња цимет. На здравје кафе!

Пробајте го и ова ледено веганско мока смуди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар