Кафе и лубеница – совршеното летно кофеинско освежување

Кафе и лубеница – совршеното летно кофеинско освежување

Радостите на летото се доловени во овој слатко-леден пијалак

Потребни состојки:
  • 1 капсула еспресо
  • Ледени коцки
  • 30 милилитри сируп од лубеница
  • 30 милилитри лимонада
  • 1 парче лубеница
Начин на подготовка:

Ставете ги ледените коцки во чаша. Сипете го сирупот од лубеница над нив и потоа внимателно додајте ја и лимонадата, внимавајќи да не се измеша со сирупот. Подгответе го еспресото. Ако немате машина за капсули, можете да замените со обична доза еспресо. Додајте го и кафето внимателно на останатите состојки и декорирајте со парче лубеница.

Пробајте го и ова освежително смуди од лубеница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар