Претходно
Кафе Барбадос
Едноставен и вкусен кафе коктел
Потребни состојки за едно кафе:
- 50 мл црн рум
- 15 мл ликер од кафе
- врело црно кафе
- шлаг пена
- рендано или чоколадо во прав за декорација
Начин на подготовка:
Ставете ги румот и ликерот во висока чаша или во голема шолја. Потоа додајте им го врелото кафе, па декорирајте со шлаг пена и со чоколадо. Со тоа кафето е спремно за послужување.