Кафе-арт на лист хартија
Кафето кај многумина ја поттикнува инспирацијата. Сме виделе зошто е тоа корисно, со какви сè вкусови може да се комбинира и една интересна форма на уметност која се креира директно на површината на штотуку подготвеното еспресо. Но, тука не застанува неговата примена. Артистот Дирсеу Веига создава уметност со помош на кафето, но притоа користејќи го како мастило за сликање на хартија.
Бразилецот Дирсеу Веига живее во Куритиба, јужно од Бразил. Ја започнал својата кариера во 1994 година, работејќи како илустратор на книги за деца. Тој е љубител на кафе, па така нашол креативен начин да ја спои оваа своја пасија со илустрирањето. Резултатот од овие две нешта се дела насликани со кафе.
Тој има учествувано на многу настани за кафе, каде сликал портрети на луѓе само со еспресо кафе и со своите четки на хартија во А4 формат. Тој за својата работа вели:
„Целиот процес е многу брз и се завршува без многу мака. Потребни се околу 5 минути, после што субјектот кој е портретиран си оди дома со траен спомен за прекрасното време кое го поминал на настанот.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.