Каде се пие најмногу кафе во светот?

Каде се пие најмногу кафе во светот?

Ова истражување е направено врз база на податоци кои биле прибирани од 1977 до 2008 година. Спроведено е од „Меѓународната организација за кафе“ во Лондон, а резултатите покажуваат колку кафе се пие по глава на жител низ земјите во светот.

Каде се пие најмногу кафе во светот?

Тие го имаат следено порастот на побарувачката на кафе во секоја земја одделно, па така во 2008 година се забележани интересни бројки. Имено во Европа убедливо најмногу се пие кафе, особено во скандинавските земји. Погледнете ги добиените бројки.

1. Финска 12 кг
2. Норвешка 9,9 кг
3. Исланд 9,0 кг
4. Данска 8,7 кг
5. Холандија 8,4 кг
6. Шведска 8,2 кг
7. Швајцарија 7,9 кг
8. Белгија 6,8 кг
9. Луксембург 6,8 кг
10. Аруба 6,8 кг
11. Канада 6,5 кг
12. Германија 6,4 кг
13. Австрија 6,1 кг
14. Босна и Херцеговина 6,2 кг
15. Италија 5,9 кг
16. Словенија 5,8 кг
17. Бразил 5,8 кг
18. Грција 5,5 кг
19. Франција 5,4 кг
20. Хрватска 5,1 кг
21. Кипар 4,9 кг
22. Либан 4,8 кг
23. Србија 4,5 кг
24. Шпанија 4,5 кг
25. Естонија 4,5 кг
26. Португалија 4,3 кг
27. САД 4,2 кг
28. Македонија 4,2 кг
29. Литванија 4,1 кг
30. Словачка 4,0 кг

Доколку сакате да ги дознаете податоците и за другите земји низ светот, погледнете ја интерактивната мапа каде што се прикажани информациите за секоја одделно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар