Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот
Употребени чашки од кафе, секоја со различен цртеж на својата надворешна површина, лебдат во воздух на излогот во изложбениот простор за уметност во областа Флатирон во Менхетн, Њујорк. Таму ќе останат до крајот на годината, а најзаслужен виновник за ова уникатно уметничко дело е Гвинет Лич.Идејата е на мобилната телеком компанија Спринт, која ја има поставено галеријата со цел да ја покаже својата посветеност на животната средина и на балансирањето помеѓу развојот на технологијата и зелените иницијативи.Но, Гвинет Лич, заедно со сите нејзини посетители, секој работен ден седи по 3 часа на столчето и им наоѓа нова креативна употреба на веќе употребените хартиени чашки за кафе. Оваа изложба е многу повеќе од обична уметност. Таа истовремено претставува инсталација и перформанс, при што публиката се јавува и во улога на создавач на делото. Самата инсталација пак, постојано добива нова форма и нови креативни елементи, ширејќи се во просторот и заземајќи нови „слободни“ правци.Целата работа Гвинет ја документира на нејзиниот блог, каде голем дел од фотографиите ù ги имаат испратено учесниците-набљудувачи на изложбата.Проектот има едноставна порака дека секојдневните предмети имаат повеќекратна употреба и треба да се реупотребуваат. Резултатот од сево ова е шарена и жива, но сепак смирувачка атмосфера во најбрзиот дел од градот.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.