Италијанско кафе за најголемите љубители на овој кофеински пијалак

Италијанско кафе за најголемите љубители на овој кофеински пијалак

Почнете го викендот со многу енергија!

(3) italijansko-kafe-za-najgolemite-ljubiteli-na-ovoj-kofeinski-pijalak-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 120 милилитри свежо подготвено кафе
  • 120 милилитри свежо подготвено топло чоколадо
  • 60 милилитри слатка павлака (или шлаг пена)
  • Чоколадни трошки (по желба)
Начин на подготовка:

Ставете тегла во замрзнувач (ова е за подготовка на кремот од слатка павлака одозгора. Ако сакате да користите обична шлаг пена, прескокнете го овој чекор). Подгответе го кафето како и секогаш порано, а потоа истото направете го и со топлото чоколадо. За најдобар вкус ви препорачуваме домашно, наместо инстант топло чоколадо.

Сипете го топлото чоколадо на дното, и внимавајте да не надмине 1/3 од вашата шолја. Потоа сипете го и кафето служејќи се со лажица (погледнете ја сликата од лево подолу), и внимавајте да не надминете 2/3 од вашата шолја. Слатката павлака ставете ја во теглата што претходно ја замрзнавте и затворете ја добро, па тресете ја сè додека не добиете густ крем. Потоа со помош на лажица (погледнете ја сликата од десно подолу), сипете го кремот врз останатите состојки во шолјата. За крај, декорирајте со чоколадни трошки.

Италијанско кафе за најголемите љубители на овој кофеински пијалак

Ги обожавате италијанските кафиња? Пробајте го и овој рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар