Истражување: Колку повеќе кафе пиете, толку подолго ќе живеете
Дали се шегуваат на ваша сметка бидејќи пиете многу кафе? Дали не можете да останете будни без шолја кафе? Ако сте се соочиле со ова, немојте да се грижите. Многу луѓе навистина не можат да го започнат нивниот ден без шолја кафе, па дури им се намалува и продуктивноста ако не се напијат во текот на денот.
Кофеинот е состојката што го прави кафето еден вид енергетски пијалак. Интересно е што кафето е пијалак што се консумира низ целиот свет. Бидејќи се консумира премногу, постојат навистина големи плантажи за одгледување кафе од кои зависат некои од најголемите корпорации во светот.
Добрите вести за љубителите на кафето се тоа што едно истражување покажало дека кафето всушност може да ви го продолжи животот. Во овој случај, колку повеќе кафе пиете, толку подобро за вас.
Националниот институт за рак, Националниот институт за здравје и медицинското училиште Феинберг неодамна анализирале податоци за консумирање кафе од долготрајно истражување во кое учествувале половина милион луѓе од Велика Британија на возраст од 38 до 74 години.
Умереното пиење кафе е добро за здравјето, но пиењето повеќе кафе од вообичаено всушност може да ве направи уште поздрави. Истражувањето не му го припишува доброто здравје само на почестото пиење кафе, туку земени се предвид и други фактори. На пример, богатите луѓе можат да си овозможат поквалитетно кафе. Покрај тоа, можат да си дозволат подобра медицинска нега, што можеби има влијание на тоа што живеат подолго.
Истражувањето открило поврзаност помеѓу пиењето кафе и намалување на ризикот од одредени болести, како на пример ракот. Научниците дошле до следниве заклучоци:
- 20% намален ризик од рак
- 20% намален ризик од дијабетес тип 2
- 30% намален ризик од Паркинсонова болест
- 5% намален ризик од срцеви заболувања
Па, останува прашањето: За колку кафе станува збор? Истражувањето покажало дека лимитот би бил околу 8 шолји кафе дневно, што е навистина многу.
Сепак, важно е да внимавате. Кафето не е препорачливо за бремените жени бидејќи адитивите во преработеното кафе можат да предизвикаат одредени проблеми. Покрај тоа без разлика на придобивките, многу кафе сепак има и лоши последици. Очигледно е дека кафето ја намалува потребата за спиење, па ако консумирате многу на подолг период, можно е да си предизвикате несоница. Обидете се да набавите свежо и природно кафе и немојте да пиете повеќе од 4 шолји дневно.
Дознајте и нешто повеќе за предностите и недостатоците од пиењето кафе.