Интересно видео го прикажува патувањето на кафето од зрно до топол пијалак
Познато е дека кафето потекнува од истоимената билка, сепак, се поставува прашањето дали би можеле да го препознаете во природа? Имено, верувале или не, ова растение може да порасне до девет метри во висина, а секое дрво е покриено со лисја кои растат во парови.
Доколку ве интересира што се случува од моментот кога кафето е произведува во зрна до моментот кога ќе направите пијалак од него, ова интересно видео ги дава сите одговори.
За да го имаме овој омилен пијалак сè што треба да знаеме да сториме е да ја зовриеме водата или да притиснеме копче на машината за кафе, но не смееме да заборавиме дека зрната претходно поминале половина од светот. Нивното патување обично започнува во Колумбија, но кафето сега се одгледува во други земји во Јужна Америка, како и во Африка и Азија.
Откако ќе се соберат плодовите, тие поминуваат низ машинска обработка и сортирање. Зрната кафе потоа треба да се исушат уште три недели пред повторно да бидат прегледани, така што на крајот луѓето можат да го проценат нивниот квалитет и да им дадат оценка.
Сето ова бара многу човечка работа, така што воопшто не е целосно автоматизиран процес. Историјата на кафето, исто како и многу други намирници, како што се шеќерот и тутунот, е полна со експлоатација и недоволно платени работници. Нагласено е дека станува збор за индустрија со многу завртки, па следниот пат кога ќе пиете кафе, запомнете што сè требаше да се случи за да имате таква привилегија и уживање.
Прочитајте и зошто е важно попладневното кафе?