Фрапе со малини

Фрапе со малини

Овошно кафе задоволство за добар почеток на денот

Фрапе со малини

Потребни состојки за 6 чаши:
  • 480 милилитри силно кафе, оладено
  • 60 милилитри сируп со вкус на малини
  • 120 милилитри пола-пола или лесен крем
  • 18 ледени коцки
  • 6 топки сладолед со вкус на кафе
  • Чоколадни трошки или чоколаден прелив (по избор)
Начин на подготовка:

Во блендер ставете 240 милилитри кафе, сирупот од малини, кремот и ледените коцки. Мешајте додека мразот целосно не се искрши и потоа додадете го останатото готово кафе. Повторно вклучете го блендерот, но овој пат на најмала брзина и оставете го да работи сѐ додека сите состојки не се соединат.

За сервирање, сипете ја кафе-мешавината во чаша и потоа додадете една топка сладолед од кафе. Декорирајте со чоколадни трошки или прелив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар