Фотоалбум како кафе-масичка
Кафе-масичките дефинитивно напреднаа заедно со напредокот во технологијата. Тие се центарот во секоја дневна соба: место за разговор, пријателско собирање и споделување спомени. Фотоалбумите грижливо ни ги чуваат спомените, давајќи им живот на настаните и емоциите кои ни се случиле и сме ги доживеале во минатото. Оваа кафе-масичка е наречена „Remembrance“ или „Паметење“. Креација е на Мич Штејнмец кој ги комбинира социјалната интеракција на фамилијарните собирања со носталгијата и уживањето гледајќи стари фотографии и сеќавајќи се на минатото. Оваа кафе-масичка е вистински извор на забава: таа создава нови сеќавања додека се сеќавате на старите.