Претходно
Факти за кофеинот кои треба да ги знаете
Датум: 10 дек 2012
Коментари: 0
Кофеинот за првпат бил изолиран во 1820 година, а денес се смета за „скриена дрога“ која може да се најде во многу популарни пијалаци и лекови.
- Хемискиот назив на кофеионт е 1,3,7-триметилксантин.
- Кофеинот се создава по природен пат во дури 60 различни растенија меѓу кои спаѓаат и зрната кафе (најчестиот извор на кофеин), листовите чај, гуараната (изворот на кофеин во енергетските пијалаци) и оревите од видот Кола.
- Кофеинот се добива со варење под притисок на зрната и листовите со помош на јаглерод диоксид. На тој начин се добива кофеин во форма на прашок.
- Умереното количество на кофеин го зголемува нивото на допамин заради што се чувствуваме посреќни и ги блокира рецепторите за аденозин што ја намалува сонливоста.
- Меѓу другото, кофеинот ја зголемува способноста за учење, разбирање, памтење, рефлексно реагирање и појасно размислување.
- Кофеинот има исто влијание врз одредени делови од мозокот како и кокаинот, хероинот и амфетамините. Разликата е во тоа што ефектите на кофеинот се поблаги од ефектите на другите супстанци.
- Но, кофеинот има и негативни ефекти. Тој предизвикува несоница затоа што стимулативниот ефект на кофеинот го одржува мозокот активен и ја блокира потребата за сон. Освен тоа, кофеинот делува како диуретик и поттикнува често уринирање што е уште една причина за несоница. Кофеинот, исто така, ја забрзува работата на дигестивниот систем и може да предизвика дијареја.
- Атлетичарите имаат голема корист од кофеинот. Пет милиграми кофеин на еден килограм од телесната тежина ја зголемуваат издржливоста преку редуцирање на гликозата и го подобруваат согорувањето на мастите.
- Ова е причината поради која Меѓународниот олимписки комитет ја забранил консумацијата на кофеин за време на натпреварите.
- Се проценува дека секоја година се консумираат околу 12.000 тони кофеин и тоа најчесто преку кафето (54%) и чајот (43%), а остатокот од 3% отпаѓа на храна и пијалаци кои содржат кофеин.
- Предозирањето со кофеин може да биде смртоносно. Смртоносното количество кофеин изнесува 150–200 милиграми кофеин на еден килограм телесна тежина. Тоа се 100 шолји кафе испиени во рок од 4 часа.
- Во 2007 година, забележана е смрт заради предозираност со кофеин откако еден човек испил 30 таблети „No doz“ кои се направени на база на кофеин.
- Кофеинот целосно се апсорбира во организмот за 30–45 минути, а неговото дејство трае околу 3 часа.
- Потврдено е дека кофеинот предизвикува зависност. Апстиненцијата започнува после 12–24 часа, а трае 2–9 дена. Симптомите вклучуваат главоболка, замор, депресија, раздразливост и намалена енергија.
- И безкофеинските производи содржат кофеин. Во Америка безкофеинскиот производ подразбира помалку од 2,5% кофеин во него.
- За време на последните денови од Втората светска војна, Хитлер примал инјенции со гликоза и кофеин за да ја одржува енергијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.