Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

Купувањето парфем е тешка работа. Треба да помирисате барем 3-4 додека го изберете вистинскиот, но после вториот, веќе не можете да направите разлика. Кога ќе излезете со намера да си купите нов парфем, понесете си малку кафе во вашата чанта и добро вдишувајте од него помеѓу секој парфем што ќе ви го понудат.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животСакате да ја дознаете тајната на вашата сосетка која има прекрасни цвеќиња во својот двор, но секогаш кога ќе ја прашате во што се состои нејзиниот успех, таа само учтиво ви се насмевнува. Утре, насмевнете и се и вие неа.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животЗемете го талогот од вашето утринско кафе и пропрскајте го земјиштето во коренот на вашите растенија. Ова ќе ги оттргне полжавите од џвакање на вашата градина.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животКако надоврзување на претходното, комбинацијата од кафе и шеќер може да им помогне и на растенијата кои се чуваат во саксија, во домашни услови.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животДоколку ги нахраните вашите цвеќиња со оваа смеса и секако, доколку редовно ги наводнувате, можете да им ја вратите живоста и бојата, откако свенале и пожолтеле за време на зимата.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животМожеби уживате да бидете заглавени во кујната и да подготвувате интересни јадења за домашните и за вашите пријатели. Доколку тие немаат ништо против, не избегнувајте ги кромидот и лукот само заради тоа што подоцна ќе мирисате на нив.

После готвењето постапете вака: најпрво потопете ги рацете во топла вода. Потоа, ставете течен сапун на едната рака и врз него ставете сол или подобро, талог од кафе. Тријте ги рацете една од друга една минута, а потоа плакнете ги врз мијалникот од не`рѓосувачки челик. Ако миризбата е сè уште тука, можеби ќе треба да се обидете уште еднаш.

Не мора цел ден да ја носите кујната со вас, ослободете се од неа веднаш по готвењето. Ако го употребите овој трик, ќе забележите дека рацете ќе ви омекнат како кадифе.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животАко пак практикувате да јадете некој од овие зеленчуци, добро размислете како ќе постапите пред да излезете на кафе со пријателите или колегите. Најдобро е да не јадете кромид или лук пред излегување, но ублажување на лошата миризба ќе направите со шолја кафе. Доколку не ви е грозно, земете една лажичка неприготвено кафе и џвакајте го некое време во устата. Други природни отстранувачи на лошата миризба од кромид и лук се магдоносот и лимонот.

Со оглед на шансите, подобро е да не успеете да ги избркате вампирите отколку да ги избркате пријателите :).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    ako ne vi e “grozno” Neznam sto tolku se site lele nemoj na luk ili na keomid da mirisa ili lele ovoj jade kromid ili luk, koga ni e jasno deka toa se mnogu lekoviti i deka site gi jadat…

  2. osho Reply

    toa grozno se smeta za lazickata neprigotveno kafe,a ne za kromidot i lukot

  3. fance Reply

    mi se dopaga pozdrav ljubitel sum na turskoto pladnevno kafe

Остави коментар