Претходно
Еспресо машина брендирана од Ферари
Веќе е вообичаено познатите брендови да соработуваат меѓусебно за да создадат кул гаџети. Овој пат луксузниот производител на автомобили Ферари заедно со компанијата Неспресо, се здружија и создадоа униката еспресо машина, која ја нарекоа „Рејспресо“. Направена е во форма на кацига, која одлично би се вклопила во секој простор.
Засега е само концепт, но набрзо машините ќе бидат достапни во продавниците. Ова не е прва ваква соработка, бидејќи неколку други производители на автомобили веќе успешно ги продаваат нивните брендирани кафемати.