Еспресо мартини со вотка и чоколадни топчиња

Еспресо мартини со вотка и чоколадни топчиња

Расположени сте за добра забава?

Потребни состојки:
  • 400 милилитри вотка
  • 80 милилитри црно кафе во прав
  • 90 милилитри млеко
  • 80 милилитри еспресо
  • 50 милилитри едноставен сируп
  • 2 грама чоколадни топчиња
Начин на подготовка:

Најпрво, измешајте ја вотката со кафето во прав. Мешајте додека тие целосно не се соединат. Потоа додајте млеко и ставете го пијалакот во фрижидер за да се олади. За најдобар вкус, оставете го да отстои и до 24 часа со цел да се развијат вкусовите.

Откако ќе се олади, направете еспресо на вообичаениот начин и ставете ги сите состојки во шејкер и добро протресете. Доколку сакате леден коктел, слободно ставете и коцки лед.

Имајте убав викенд!

Ви се допадна овој рецепт? Пробајте го и ова еспресо мартини со бејлис.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар