Ескимско кафе
Автор: Александра
(поднесено преку „Предложи содржина“)
Ледено освежување за во топол есенски ден
Потребни состојки:
- 2 и пол шолји варено кафе
- ½ голема лажица кафеав шеќер
- 5 големи лажици чоколаден сируп
- ¼ голема лажица цимет
Подготовка:
Се варат две и пол шолји кафе. Нека се излади кафето целосно, а потоа да се стави во замрзнувач за да се замрзне. Во меѓувреме, во блендер се ставаат млекото, чоколадниот сируп, кафеавиот шеќер и циметот. Се миксаат и потоа смесата се става во замрзнувач додека се олади. Пред сервирање, се земаат искршени парчиња од замрзнатото кафе, се ставаат во блендерот заедно со претходно подготвената смеса и повторно се миксаат. Ладниот напиток прелијте го во голема чаша. 🙂
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.