Претходно
Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона
Далгона кафето беше многу популарно претходните месеци, а можевте да го пробате и со различни вкусови. Како што доаѓа есента, така стануваат популарни и некои други рецепти кои љубителите на кафе и есен ги обожаваат. Денес решивме да ви споделиме еден рецепт за кафе со вкус на тиква кој е новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона.
Потребни состојки:
- 2 лажици инстант кафе или еспресо
- 2 лажици шеќер
- 1/4 лажичка измешани зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер.
- 1 лажица варена тиква
- 2 лажици топла вода
- млеко по избор и вкус
Начин на подготовка:
- Во еден сад додајте ја топлата вода, кафето, шеќерот и зачините и со рачен миксер, миксирајте ја смесата 3 до 4 минути. Треба да има пенеста текстура.
- Потоа додајте ја тиквата и миксирајте додека не се соедини.
- Наполнете една чаша со мраз и млеко по избор и вкус. Додајте ја смесата со тиква и уживајте во есенскиот вкус на вашето кафе.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој леден десерт со кафе за секој дел од денот.