Енергетски пијалак или кафе?

Енергетски пијалак или кафе?

Благодарение на состојките како гуараната и женшенот, се верува дела енергетските пијалаци ја подобруваат концентрацијата и дека даваат сила. Меѓутоа, според најновите истражувања, единствената корисна состојка во енергетските пијалаци е кофеинот.

Енергетски пијалак или кафе

Истражувањето објавено во магазинот „Nutrition Reviews“ покажува дека енергетските пијалаци навистина содржат состојки како таурин, гуарана и женшен, но не постои никаков доказ дека тие состојки ја подигнуваат енергијата.

Сепак, истражувачите сугерираат дека ваквите пијалаци навистина ги подобруваат физичките и когнитивните перформанси на оној што ги пие, но само благодарение на високите дози на кофеин кои тие ги содржат. Едно претходно истражување покажало дека, овие пијалаци содржат дури 14 пати повеќе кофеин од сите останати безалкохолни пијалаци. Исто така е потврдено дека овие енергетски пијалаци, не треба да ги пијат луѓе кои не се физички активни, бидејќи содржат многу калории.

Експертите предупредуваат дека поради големите количини на кофеин кои се наоѓаат во енергетските пијалаци, може да дојде до појава на срцеви проблеми, дијабетес и слично. Затоа најдобро е да се напиете едно кафе по ваш вкус, кое ќе ве расони, а преку него ќе внесете нормална доза на кофеин во организмот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар