Претходно
Егзотично кафе со индиски ореви
Започнете го денот на најдобриот начин!
Потребни состојки:
- 350 милилитри свежо подготвено еспресо (или друго силно црно кафе)
- 20 грама индиски ореви
- 1-2 лажички мед
- Прстофат розова хималајска сол
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете околу 1 минута или сè додека не добиете хомогена смеса. Започнете го матењето со најмала брзина и полека зголемувајте го на околу 15-тина секунди сè додека не стигнете до максималната брзина за да добиете покремава смеса. Сипете го кафето во шолја и уживајте!
За бестрашните пиратски срца: Шверцерско кафе со рум!