Дрвена еспресо машина

Дрвена еспресо машина

Создадена од норвешкиот дизајнер Oystein Helle Husby, оваа еспресо машина т.н. „Linje“ (хол. линија) има невообичаен дизајн, кој се разликува од останатите по импозантниот дрвен финиш. Овој производ има уникатен и јасно дефиниран изглед. Еве како дизајнерот ја опишува оваа елегантна кафе машина на неговиот блог, која би ја разубавила кујната на сите љубители на еспресо:Дрвена еспресо машина.

Како што повеќето од вас знаат, производството на кафе во најголем дел се остварува околу екваторот. Но, ние сакавме да создадеме нордиско кафе и тоа не преку производство на зрна кафе, туку преку искуството на луѓето во процесот на правењето кафе. Дизајнот ќе биде нашата алатка.

Дрвена еспресо машина.

Па се прашувате што го разликува нордискиот дизајн од останатите дизајни на машини за кафе? Ние би рекле, дрвото. Имаме многу дрвја со висок квалитет. Преку дефинирање на најголемите вредности на Норвешка и Скандинавија и нивното трансформирање во „дизајнерски јазик“, создадовме еден навистина уникатен производ. Машината има слични функции како повеќето еспресо машини, но дизајнот на оваа, дефинитивно „отскокнува“ од останатите.

Дрвена еспресо машинаДрвена еспресо машина


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар