Претходно
Домашно подготвено ледено кафе со јаворов сируп
Петочен рецепт за вкусно домашно подготвено кафе
Потребни состојки:
- 230 милилитри млеко
- 350 милилитри црно кафе (или еспресо), оладено на собна температура
- 2 супени лажици чист јаворов сируп
-
Ледени коцки (по желба)
Начин на подготовка:
Во тегла со капак, сипете полномасно млеко и протресете го силно една минути, односно додека не направи пена. Потоа тргнете го капакот и ставете го во микробранова рерна на 15 секунди. Наполнете две големи чаши (или тегли за пиење) со лед или изоставете го овој чекор доколку сакате топло лате. Поделете го кафето рамномерно во двете чаши и ставете по една лажица јаворов сируп. Со помош на лажица, задржете ја пената додека го претурате млекото во двете чаши, и потоа искористете ја за рамномерно да ја додадете на врвот на чашите.
Измешајте добро и уживајте во вкусот!