Домашен сладолед од кафе (без млечни производи!)

Домашен сладолед од кафе (без млечни производи!)

Температурите конечно се зголемуваат, па зошто да не си подготвите еден вкусен кафе сладолед?

Домашен сладолед од кафе (без млечни производи!)

Потребни состојки:
  • 3-4 замрзнати банани, исечкани
  • 60 милилитри силно еспресо (на собна температура)
  • 1/2 лажичка екстракт од кафе (ако не можете да најдете, заменете го со екстракт од ванила)
  • Мед или шеќер (количината прилагодете ја на вашиот вкус)
Начин на подготовка:

Подгответе го кафето. Ако го пиете со шеќер, подгответе го на истиот начин, бидејќи во спротивно сладоледот може да ви има горчлив вкус. Во блендер или процесор на храна, додајте ги бананите, кафето и екстрактот и матете додека не добиете мазна и хомогена смеса. Сè што преостанува е да го ставите во замрзнувач на околу 1 час! Уживајте во сончевиот викенд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар