Домашен екстракт од кафе

Домашен екстракт од кафе

Љубители на кафето, ова е рецептот за вас. Богат и интензивен вкус на екстракт од кафе, кој може да го искористите во безброј рецепти за кафе и десерти. Лесно се подготвува, а негова примена секогаш ќе се најде.Домашен екстракт од кафеПотребно е:

  • 500 г шеќер
  • 250 мл јако сварено еспресо

Подготовка: Земете големо тенџере со дебело дно, загрејте го на средна температура и ставете шеќер во еден слој. Како шеќерот ќе се топи, така ставајте по малку од остатокот за да добиете карамел. Кога ќе ставите половина од шеќерот, промешајте го со дрвена лажица, па потоа пак ставајте додека да го потрошите целиот. Продолжете да го готвите карамелот додека да добие темно кафена боја.

Почнете да ставете по две лажици од свареното кафе. Бидете внимателни затоа што карамелот ќе почне да прска, ќе се стврдне и ќе се згрутчи. Но, таков е процесот кога се работи со карамел. Ставајте по две лажици кафе додека да го потрошите целото, а за тоа време, карамелот ќе се растопи пак и ќе се соедини со кафето. Кога целата течност ќе биде соединета, претурете ја во тегли, цврсто затворете ги и оставете ги на дневна температура да стојат една до две недели пред да почнете да ја употребувате.

Потоа останува да си направите кафе и да го интензивирате неговиот вкус додавајќи малку од сирупот. Но, тој одлично оди и врз салата од свежо овошје, сладолед, суви колачи и палачинки, шејкови и други напитоци. Па, пробувајте. Опциите се безбројни.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар