Дали знаевте како кафето влијае врз изгледот и здравјето на нашата кожа?
Добро е познато дека пиењето кафе може да има позитивни, но и негативни влијанија врз нашето тело и организам, па затоа денес вниманието го насочуваме кон сите последици кои кафето може да ги предизвика, а се однесуваат на изгледот и здравјето на нашата кожа.
1. Кафето може да го намали ризикот за појава на рак на кожата
Кафето може на многу начини да влијае на изгледот на нашата кожа, но пред сè може да има големо влијание врз нејзиното здравје, и тоа позитивно. Едно неодамна спроведено истражување покажало дека пиењето голема количина кафе може да влијае превентивно при појавување на меланом на кожата. Истражувачите за потребите на оваа студија ги испитувале навиките во исхраната на 450.000 луѓе и дошле до изненадувачки резултати кои велат дека оние кои пијат по 4 или повеќе шолји кафе дневно имаат и до 20% помал ризик за појава на меланом на кожата.
2. Кожата може да изгледа поуморно
Иако кафето често го пиеме кога сме под стрес, тоа не е најдоброто решени за нас во тие ситуации, бидејќи токму од него кожата може да ни изгледа поуморна. Една студија покажала дека луѓето кои ќе испијат една шолја кафе пред да се сретнат со ситуација која изобилува со стрес, потешко поминуваат низ неа отколку оние кои не пијат кафе пред овие случувања. Со други зборови, кафето може да го зголеми нивото на стрес и притоа да предизвика лачење на поголема количина инсулин во нашето тело. Тоа е воедно и лоша вест за оние кои веќе се борат со акни.
3. Не мора да влијае на дехидрацијата на кожата
Кафето содржи кофеин кој е диуретик, па со самото тоа ја дехидрира кожата. Меѓутоа, многубројни спроведени студии сепак покажале дека кофеинот не е јак диуретик, поточно 12 од 15 случаи покажале дека не влијае на тоа дали нашата кожа е доволно хидрирана. Едноставно, кафето не може да влијае на овој начин врз кожата доколку секојдневно внесувате доволна количина вода во својот организам.
4. Кафето може да го комплицира проблемот со акните
Ова не важи за црното кафе, но важи за сите останати варијации кои во себе содржат млеко. Поточно, млекото содржи обилни состојки кои можат да го зголемат нивото на хормоните во нашиот организам, а со тоа да ги забрза процесите на воспаление на кожата, што води до поголема појава на акни. Затоа, доколку имате проблеми со акните, настојувајте да пиете само црно кафе.
5. Кафето е богато со антиоксиданси
Една американска студија покажала дека кафето е одличен избор во текот на диетата, бидејќи е богато со антиоксиданси. Тоа не значи дека кафето има повеќе антиоксиданси од овошјето и зеленчукот, но сепак може да допринесе за здравиот изглед на кожата, бидејќи се бори со слободните радикали кои го предизвикуваат нејзиното стареење. Ете уште една предност за пиењето кафе.