Треба ли да пиеме кафе пред физичка активност?
Некои истражувања покажуваат дека пиењето кафе пред вежбање, може да ја зголеми ефикасноста, особено при џогинг на подолги стази. Но, не сите истражувања го тврдат истото. Така, една неодамнешна студија објавена од Американскиот колеџ за кардиологија, тврди дека и пиењето кафе во умерени количини може да ги наруши атлетските перформанси.
Протокот на крвта до срцето се зголемува во текот на вежбањето.Но, при направениот експеримент, кога на спортистите им биле дадени кофеински таблети, резултатите покажале дека протокот на крвта бил драстично намален, што би значело дека помалку кислород и хранливи материи одат до срцето.
Овој ефект на намалување на притисокот на крвта не е важен само од аспект на остварување на поголема ефикасност при вежбањето, туку може да претставува и сериозен проблем за оние со срцева болест или висок крвен притисок. Комбинацијата од вежбање и кофеин, ја зголемува работата на срцето и значително ги зголемува потребите на телото за кислород. Па, кога оваа потреба нема да се остварува, резултатот може да биде постојана зашеметеност и сериозни промени на срцевиот ритам.
Ефектите на кофеинот врз спортските перформанси може да варира во зависност од индивидуата и количината на кофеинот која се консумира, па затоа е тешко да се генерализира. Сепак, би било мудро да се избегнува пиење кафе пред вежбање за да се одбегнат евентуалните негативни ефекти. Многу фитнес тренери препорачуваат, доколку вежбате, кафето да го замените со зелен чај без кофеин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.