Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

Имате уште само неколку часа до крајот на работното време, но полека почнувате да чувствувате умор. Во еден момент посегнувате по шолјата кафе која стои на вашата маса од утрото и се прашувате дали ќе биде во ред доколку го допиете. Еве го одговорот на тоа прашање!

Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

1. Кафе со млеко

Доколку е добро затворено и ставено во фрижидер, млекото може да остане свежо и недела дена по отворањето. Но, ако тоа стои во кафе повеќе од неколку саати, многу е подобро да си сварите ново.

2. Црно кафе

Црното кафе е сигурно за пиење и откако малку ќе отстои, иако големи се шансите дека нема да има исто толку добар вкус како што имало кога било свежо подготвено. Многу подобра идеја е да направите ново кафе, но ако сте решени да го испиете старото, барем загрејте го прво.

3. Промена на вкусот

Свареното кафе може да го промени својот вкус и по 30 минути, а потоа имате отприлика 4 часа пред маслата во него да се расипат, што резултира со лош вкус на овој пијалак. Токму затоа, за најдобар вкус и најголема сигурност, најдобро е да го испиете до половина час од подготовката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар