Дали правилно го пиете вашето кафе?
За многу луѓе кои го обожаваат кафето, тоа е и незаменлив дел од утрото. Но, научниците објаснуваат дека утринското пиење кафе не е најефикасен начин на негово консумирање, бидејќи телото веднаш по будењето природно создава повеќе кортизол со цел побрзо да ве разбуди.
Како објаснување за овој совет, експертите од каналот на Јутјуб „ASAP Science“, ни велат дека клучот се наоѓа во тоа кога кафето ќе има ефект како природно лачење кортизол. Овој хормон е познат и како хормон за стрес бидејќи најмногу се лачи во ситуации кога постои опасност, па со негова помош телото станува посвесно и повеќе подготвено за брза реакција.
Кај повеќето луѓе кои се будат за на работа околу 7 или 8 часот наутро, научниците велат дека нивното ниво на кортизол е многу повисоко од 8 до 9 часот, бидејќи во тој период телото природно се буди и подготвува за остатокот од денот. Преку низа истражувања се открило дека пиењето кафе во овие моменти скоро и да нема ефект, бидејќи кортизолот драстично го намалува влијанието на кофеинот, додека истовремено развива и поголема толеранција за ефектите од кафето на подолг временски рок. Тоа значи дека пиењето кафе по завршувањето на овој период во кој нивото на кортизолот е повисок е најдобар и најефикасен начин дополнително да се расоните, доколку вашето тело сè уште не се разбудило само.
Научниците исто така откриле и дека во текот на денот постојат уште два периода во кои е зголемено производството на овој хормон. Првиот период е околу 13 часот, а вториот помеѓу 17:30 и 18:30, па токму затоа најдобро е да избегнувате да пиете кафе во овие периоди. Исто така не заборавајте да го земете во предвид и спиењето, па дури и дремките, бидејќи по будењето, без разлика на времето, нивото на кортизол во крвта се зголемува за околу 50%, но краткотрајно. Токму затоа тие препорачуваат секогаш да пиете кафе барем еден час по будењето. Погледнете го и видеото за подетални информации…