Дали кафето може да ја подобри меморијата?

Дали кафето може да ја подобри меморијата?

Љубителите на кафе честопати си го поставуваат прашањето дали кофеинот може да им ја подобри меморијата. Тоа е затоа што многумина што често консумираат кафе, забележале дека повнимателно си ги вршат своите работни задачи особено откако испиле филџан кафе. Некои од нив изјавиле дека нивната меморија значително се подобрила благодарение на кофеинот. Дали постои некаква поврзаност помеѓу овие две работи? Дознајте во продолжение.

Дали кафето може да ја подобри меморијата?

Како функционира кофеинот?

Кофеинот е стимулативен лек што директно влијае врз мозокот и ја зголемува состојбата на будност. Сепак, различни истражувања на ефектите врз меморијата дошле до различни резултати.

Според некои студии, кофеинот може да делува позитивно врз некои видови меморија, особено од генерален аспект. Подеталните истражувања покажале дека придобивките од кофеинот за меморијата важат во одредени случаи. Со други зборови, кофеинот може да ја подобри меморијата само доколку се внесе во организмот во моментот на примање на информациите и во моментот кога субјектот треба да се потсети на тие информации.

Доколку субјектот не внесе кофеин во моментот кога се презентираат информациите, постигнува послаби резултати доколку внесе кофеин во моментот кога треба да се сети на информациите. Од друга страна, ако субјектот примал кофеин кога ги примал и информациите, а немал кофеин кога требало да се сети на нив, постигнува уште полоши резултати од првото сценарио.

Други студии покажале дека преку извршување одредени задачи, кофеинот всушност може да ги влоши резултатите. Така, на пример, кога испитаниците имале листа со зборови што требало да ги запаметат без разлика на редоследот покажале лоши резултати. Истражувањето покажало и дека луѓето под дејство на кофеинот се сеќаваат на повеќе лажни спомени што значи кофеинот може да придонесе мозокот непрецизно да ги зачувува спомените.

Како кофеинот влијае кај повозрасните?

Истражувањето во врска со внесувањето кофеин кај постарите лица имало за цел да утврди дали кофеинот може да го минимизира проблемот со меморија што се јавува како резултат на стареењето. Едно истражување покажало дека кофеинот може да го намали ефектот на попладневниот пад на меморијата кај постарите лица што подобро ги извршуваат своите обврски наутро отколку попладне.

Сепак, други истражувања покажале дека кофеинот и не е толку сигурен начин за подобрување на меморијата кај постарите. За време на истражувањата, постарите лица имале послаби резултати на тестовите за епизодно паметење по внесувањето кофеин, за разлика од оние што не внеле кофеин во организмот. Иако вообичаеното консумирање на кофеин може да влијае позитивно врз долгорочната меморија, сепак не може да го спречи опаѓањето на меморијата што се јавува како резултат на возраста.

За крај, би ве посоветувале да зборувате со вашиот лекар за да дознаете дали имате проблеми со вашата меморија и колкава количина кофеин може да внесувате дневно.

Откако откривте за поврзаноста помеѓу кафето и меморијата, ви препорачуваме да прочитате и зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.

Извор: verywellmind.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар