Дали е здраво пиењето кафе на празен стомак?

Дали е здраво пиењето кафе на празен стомак?

Ако не сте тип на личност која редовно појадува, но не можете да замислите подобар почеток на денот од оној со шолја кафе, не грижете се. Пиењето кафе на празен стомак не е лошо само по себе. Но, еве кога ќе се појави проблемот.

Дали е здраво пиењето кафе на празен стомак?

„Постојат многу придобивки поврзани со консумирањето кафе кога станува збор за гастроинтестиналниот тракт“, вели гастроентерологот д-р Сунана Сохи.

Кафето влијае на нивото на стомачната киселина на повеќе начини. Како резултат на тоа, некои луѓе може да се соочат со проблеми како што е диспепсија, или нарушена дигестија.

„Но, тоа лесно може да се реши со избегнување на кофеин или, можеби, уживање во шолја од омилениот пијалак заедно со храната“, вели Сохи.

Кофеинот го стимулира производството на хормонот гастрин, кој е одговорен за производство на стомачна киселина. Иако ова соединение помага да се започне дигестивниот процес, исто така ја зголемува киселоста во желудникот. Од друга страна, и фенолите, соединенија кои се наоѓаат во кафето, влијаат врз нивото на киселост во цревата.

„Кафето има pH вредност од околу 5, додека нашата стомачна киселина има pH вредност околу 2. Како резултат на тоа, нашиот стомак, кој исто така е исполнет со слуз што го заштитува, треба да може да се справи со киселоста предизвикана од пиењето кафе“, објаснува гастроентерологот од Бостон, д-р Суприја Рао.

Сепак, сето тоа навистина зависи од пациентот. Сè што јадете предизвикува производство на стомачна киселина, а кафето произведува повеќе. Значи, ако се чувствувате подуени или имате болки во горниот дел на стомакот и мачнина по пиење кафе на празен стомак, имате проблем со тоа.

Како заклучок, пиењето кафе на празен стомак го зголемува производството на стомачна киселина. Повисокото ниво на течност не предизвикува проблеми за многу луѓе, но може да предизвика непријатност кај некои. Ако спаѓате во таа група, но не можете да се откажете од првиот утрински кофеински пијалак, обидете се да уживате во него со залак храна.

Откако прочитавте за пиењето кафе на празен стомак и како тоа може да влијае врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и кое е идеалното време за пиење на утринското кафе.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар