Цветно кафе за оние на коишто веќе им фали летото

Цветно кафе за оние на коишто веќе им фали летото

Ледено кафе со лаванда и кокосов шеќер

Потребни состојки:

  • 120 милилитри кафе
  • 120 милилитри вода
  • 100 грама кокосов шеќер
  • 2 лажици исушена лаванда

Начин на подготовка:

Подгответе го кафето на вообичаениот начин.

Ставете ги останатите состојки во мало тенџере (без кафето) и варете на среден оган. Кога ќе почне да врие, намалете го огнот и оставете го да поврие уште 5 минути со повремено мешање. Сипете ја мешавината низ цедалка во стаклено шишенце со капак што добро затвора. На овој начин сирупот може да стои во фрижидер неколку недели.

Додајте онолку сируп колку што сакате во вашето кафе.

Внесете мексикански дух во вашите утра со рецептот за кафе де ола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар