Претходно
Чоколадно ледено кафе со многу сладолед
Ледено кафе кое ќе ви ја разблажи душата на ова жешко време…Потребни состојки:
- 45 мл ладно еспресо
- 50 мл ладно млеко
- 20 мл чоколаден сируп
- 3 топки чоколаден сладолед
- 4 коцки мраз
- шлаг пена
Начин на подготовка:
Еспресото, млекото, сладоледот, мразот и чоколадниот сируп ставете ги во блендер и измешајте ги убаво додека не добиете хомогена густа смеса. Смесата сипете ја во широка стаклена чаша и декорирајте со шлаг и додатоци по избор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.