Претходно
Чоколадно баварско кафе
Вкусно чоколадно кафе, кое ќе ви ја згрее душата
Потребни состојки:
- 100 мл свежо сварено црно кафе
- 70 мл топло млеко
- 30 г чокладо
- шлаг
- шеќер
- 2 коцки чоколадо и чоколадни трошки (за декорација)
Начин на подготовка:
Стопете го чоколадото заедно со мала количина од кафето. Откако чоколадото убаво ќе се растопи и соедини, додадете го остатокот од кафето и шеќер по вкус. Пополека почнете да го додавате млекото и мешајте. Откако сè убаво ќе се соедини, сипете го во широка шолја за кафе. Декорирајте со шлаг и чоколадни трошки, а послужете и две коцки чоколадо на страна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.