Чоколадни кафе колачиња

Чоколадни кафе колачиња

Вкусен викенд десерт

Чоколадни кафе колачиња

Потребни состојки:
  • 250 грама брашно
  • 220 грама несолен путер, омекнат
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 супена лажица инстант кафе
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет
  • 15 грама чоколаден чипс (или вашето омилено чоколадо, исечкано на мали парчиња)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени и поставете хартија за печење врз тава. Со толчник, обидете се да го здробите кафето на што поситни зрнца (ако не го направите тоа, ќе добиете грутки од кафе во колачите). Со електричен миксер, изматете ги кафето, путерот, шеќерот и ванилата. Мешајте сè додека не добиете целосно комбинирана и мазна смеса.

Додајте го брашното, солта, циметот и прашокот за печиво кај останатите состојки и повторно мешајте, но овој пат на најмала брзина, сè додека тестото повторно не се комбинира. За крај додадете го и чоколадниот чипс и рачно мешајте со цел да го распределите низ целото тесто.

Префрлете го тестото во тавата со хартија за печење и израмнете го со вашите раце. Печете 5 минути, а потоа свртете ја тавата за 180 степени и печете уште 5 до 10 минути или сè додека не почне да добива златна боја. Откако ќе се испече, дозволете му да се олади пред да го исечете на коцки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар