Чоколадни бисквити со кафе

Чоколадни бисквити со кафе

Автор: Теодора Трповска

Сите сакаме да грицнеме нешто пиејќи го утринско кафе, попладневниот чај или вечерното какао. Бисквит, колаче или мафин, изборот е ваш.Чоколадни бисквити со кафеОвој рецепт е за сите оние кои обожуваат чоколадо – брзи, лесни, вкусни и  крцкави чоколадни бисквити со кафе кои дефинитивно ќе ве освојат.

Совет: Тестото е толку вкусно, што постои опасност да го изедете пред да ги направите бисквитите.Чоколадни бисквити со кафеПотребни состојки (за 20 бисквити):

  • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
  • 1/2 шолја какао
  • 1 печиво
  • 3 супени лажици путер, омекнат
  • 1 шолја шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
  • 2 супени лажица горко филтер кафе

Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат. Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ива Reply

    на сликите има chocolate chips (парченца чоколадо, кај нас ги нема, но било кое чоколадо сецкано на ситни коцки ќе заврши работа:), а во рецептот стои corn flakes со чоколадо. проверете дали е добро преведен рецептот :))))) btw изгледа многу вкусно :Р

  2. Теодора Трповска Reply

    Ива,
    Бидејќи нема Chocolate Chips кај нас, Corn Flakes се добра замена. Со оглед на тоа дека овој рецепт повеќе се прави со парчиња чоколадо, за да биде малку посув и бисквитен, затоа се одбрани чоколадирани Corn Flakes. Но, тебе ако ти изгледа рецептов повкусен со парчиња чоколадо, направи го по твоја желба. Битен е рецептот за тестото, а потоа во него може да се стави се што се сака.
    Поздрав,
    Теодора,

Остави коментар