Безбојно кафе кое не остава дамки на вашите заби
Секој што е љубител на кафе мора да го прифати фактот дека тоа остава дамки на забите. Но, изгледа дека ова ќе се промени бидејќи безбојното кафе навистина постои. Тоа претставува комплетното транспарентен пијалак збогатен со кофеин.
Според производителите, тие решиле да го создадат овој магичен пијалак кога забележале дека нивната љубов кон кафето им остава дамки на забите. Биле потребни 3 месеци да го усовршат процесот кој вклучува високо квалитетни зрна кафе Арабика обработувани со методи кои не биле користени досега.
Еден од произведувачите, Дејвид Наги рекол:
„Ние пиеме многу кафе. Како и многу други луѓе се мачевме со дамките на забите кои се создаваат од него. На пазарот немаше ништо што би ги задоволило нашите потреби, па затоа решивме да создадеме наш рецепт.“
Не само што безбојното кафе ќе ги одржи вашите заби бисерно бели, туку тие го продаваат во навистина големи шишиња што ќе ви траат во текот на целиот ден.
Наги додава:
„Поради брзиот начин на живот, ние сакавме да направиме освежувачко кафе кое е веднаш спремно за пиење и кое го овозможува потребното ‘засилување’ а воедно е со малку калории.“
Зошто треба да го пиете овој магичен пијалак? 5 предности од секојдневната консумација на кафе.