Претходно
Барселонско топло чоколадо
Оваа комбинација од топло чоколадо и еспресо е најпопуларна во Шпанија!
Потребни состојки:
- 150 милилитри зовриена вода
- 50 грама темно чоколадо, изрендано
- 300 милилитри млеко
- 60 милилитри свежо подготвено еспресо
- 30 грама незасладено какао во прав
- 30 грама кафеав шеќер
- 1 лажица изрендана кора од портокал
- 30 грама шлаг пена
Начин на подготовка:
Ставете го исечканото чоколадо во зовриената вода и мешајте додека не се стопи. Додајте го млекото со следните 4 состојки на листата и оставете ги да повријат на среден оган, притоа мешајќи ги полека. Варете 5 минути или сè додека не се формираат балончиња на работ на тенџерето. Сипете ја смесата во 4 различни шолји, па поставете по 1 лажица шлаг пена над секоја од нив. Декорирајте со какао во прав, по желба.
Пробајте ја и оваа торта од кафе, чоколадо и лешници – совршена за најубавите моменти во вашиот живот!