Претходно
Австралиско ледено кафе
Ледено кафе, засладено со јаворов сируп, во комбинација со сладолед
Потребни состојки:
- 2 мали топки сладолед
- 185 милилитри свежо подготвено филтер кафе
- Јаворов сируп, по вкус
- Млеко
- Шлаг пена
- Чоколадни трошки
Начин на подготовка:
Поставете го сладоледот во висока чаша и врз него сипете го кафето. Додадете јаворов сируп, по вкус, и потоа турете и многу малку млеко. Завршете со шлаг пена и чоколадни трошки. Сервирајте со лажица и сламка.