Претходно
Ако различните видови кафиња беа мачиња, тие ќе изгледаа вака…
Руската илустраторка Елена Ефремова не само што го пие своето утринско кафе, туку и го претставува неговиот вкус цртајќи мачиња. Нејзините цртежи се доказ дека уметноста постои насекаде.
„Ова се моите кафе мачиња. Секое има свој посебен карактер, исто како што и секој тип кафе си има свој, уникатен вкус“, вели Елена.
Еспресо, макијато, капучино мачиња… Ги има секакви. Во продолжение погледнете ги овие детализирани уметнички дела на Елена, направени од многубројните видови кафе.