8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

Кафето е пијалак кој го консумираат многумина. Иако пиењето кафе има многу здравствени придобивки, понекогаш може да го намали вашиот апетит. За да не го изгубите апетитот и да ја направите шолјата кафе малку поздрава, прочитајте ги овие совети.

1. Избегнувајте вештачки засладувачи и рафиниран шеќер

8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

Можеби изгледа очигледно, но кафето само по себе е здраво. Обично го претворате во нешто штетно кога му додавате шеќер. Многу популарни верзии на кафето се полни со вештачки засладувачи и рафиниран шеќер. Поради високото количество фруктоза во шеќерот, тој може да предизвика сериозни нарушувања како дебелина и дијабетес. Ако не можете да го поднесете вкусот на кафето без шеќер, користете природен засладувач како стевија.

2. Одберете квалитет наместо квантитет

8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

Квалитетот на кафето може да варира и зависи од преработката и начинот на кој се одгледани и печени зрната кафе. Во многу случаи на дрвото потребни му се дури 5 години за да произведе 4,5 килограми кафе. Поради ова фармерите често го прскаат кафето со синтетички пестициди и хемикалии кои воопшто не се наменети за консумирање. Овие хемикалии го забрзуваат растот на секое дрво и постојат многу шпекулации за нивното влијание на луѓето. Ако сте загрижени за пестицидите во вашето кафе, купувајте органско кафе од квалитетен бренд.

3. Додајте малку цимет

8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

Циметот е одличен зачин што ќе му даде интересен вкус на вашето кафе. Истражувањата покажале дека циметот може да ја намали гликозата во крвта, како и нивото на холестерол. Тој е полн со антиоксиданси и може да го намали и ризикот од срцеви болести.

4. Додајте малку какао

8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

Какаото, како и циметот, е богато со антиоксиданси и има многу здравствени придобивки. Покрај тоа што го намалува ризикот од срцеви заболувања, какаото помага во слабеењето и ги штити невроните. Покрај тоа го подобрува и расположението.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар