8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе - Part 2

8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе

5. Ја намалува констипацијата

(5)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mk

Околу 30% од луѓето имаат потреба за тоалет откако ќе испијат шолја кафе. Кафето ги „раздвижува“ цревата, па помага кога имате констипација.

6. Богато е со антиоксиданси

(6)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mk

Кафето има многу антиоксиданси кои се одлични за вашето здравје. Всушност, антиоксидансите се борат против некои видови рак. Медицинското училиште на Харвард објаснува дека кафето го намалува ризикот од некои видови рак.

7. Го штити црниот дроб од болести

(7)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mk

Не само што помага кога сте мамурни, кафето го одржува и здравјето на вашиот црн дроб.

„Пиењето кафе е поврзано со пониското ниво на ензими кои го оштетуваат црниот дроб. Можеби штити и од рак на црниот дроб“, изјавиле од медицинското училиште на Харвард.

8. Го намалува ризикот од инфаркт

(8)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mk

Ако умерено пиете кафе, малку го намалувате ризикот од инфаркт, особено ако сте жена. Пиењето кафе исто така го намалува ризикот и од абнормален ритам на срцето.

Колку кафе е премногу?

(9)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mk

Иако кафето е добро за вас, не треба со него да ги замените другите пијалаци како вода, млеко и свежи овошни сокови. Покрај тоа, ако во кафето додавате млеко и шеќер, вие внесувате дополнителни калории и масти. Дневно не треба да пиете повеќе од 4 шолји. Треба да ја намалите и оваа доза ако почувствувате несакани ефекти како несоница, нервоза или раздразливост.

Бидејќи наближува сезоната на топлите пијалаци, погледнете некои од здравствените придобивки од пиењето топло чоколадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар