Претходно
8 интересни статистички факти за кафето
Кафето крие бројни мистерии, а некои луѓе толку многу го обожаваат што попрво би се откажале цел месец од својот мобилен телефон отколку да се откажат од него. Многумина едноставно не можат да си го замислат денот без кафе. Тоа помага при издржливост, штити од камења во жолчката, го подобрува помнењето и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест. Токму поради тоа понекогаш кафето има моќ да ја преземе „контролата“ над животот, а за тоа сведочат и следниве неколку необични факти…
- Скоро 55% од љубителите на кафето попрво би се здебелиле 4,5 килограми отколку да се одречат од својот омилен пијалак. Од друга страна пак, 49% од нив би се откажале и од мобилниот телефон само за да можат да продолжат да пијат кафе.
- Околу 42% од луѓето тврдат дека кафето им овозможува поголемо задоволство од сексот.
- Скоро 59% од кафеџиите сметаат дека оние кои пијат кафе се посекси од оние кои не пијат.
- Околу 44% од луѓето тврдат дека денот им започнува откако ќе го испијат првото кафе.
- Во Америка секој ден се пијат по 400 милиони кафиња. Америка е водечка земја по бројот на испиени кафиња, каде што се верува дека во текот на годината се пијат и до 146 милијарди шолји кафе.
- Околу 35% од кафеџиите пијат исклучиво црно или турско кафе.
- Скоро 65% од испиеното кафе се пие за време на појадокот.
- Смртоносната доза кофеин изнесува 100 шолји кафе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.