7 нешта кои ни се случуваат кога ќе го исфрлиме кофеинот од нашиот живот
Кофеинот, најчесто консумираниот стимуланс, има свои добри страни како подоброто помнење и одржување на будноста. Но, од друга страна, постојат и луѓе кои велат дека токму одрекувањето од кофеинот им го променил животот на подобро. Доколку и вие решите да се откажете од кафето, со сигурност ќе ги почувствувате следниве 7 нешта…
1. На почетокот ќе се чувствувате многу лошо
Подгответе се првите 7 до 10 дена да се чувствувате многу лошо. Станува збор за реакција на организмот бидејќи има потреба за кофеинот на кој е навикнат. Вие ќе почнете да чувствувате умор, главоболка и силни промени на расположението. Токму затоа и би било добро да им кажете на луѓето околу вас дека поминувате низ фаза на одвикнување од кофеин со цел тие да имаат повеќе разбирање за вашето променливо расположение.
2. Ќе ослабите
Најчесто не сме свесни колку калории внесуваме во нашето тело преку пиењето пијалаци кои содржат кофеин. Самиот кофеин не е калоричен, но најчесто пијалаците кои го содржат, покрај него изобилуваат и со голем број шеќери кои без да забележите ви ја зголемуваат вашата телесна тежина.
3. Или ќе се здебелите
Кофеинот привремено го потиснува апетитот, па токму затоа и престануваме да чувствуваме глад кога го пиеме. Ако сте пиеле само црно кафе, откако ќе престанете да го пиете, големи се шансите дека вашето тело ќе почне да бара повеќе храна.
4. Подобро ќе спиете и ќе имате повеќе енергија
Кофеинот многу често го нарушува сонот, особено ако сте го внеле во вашиот организам до 6 часа пред да легнете да спиете. Тој е и причината зошто се будите уморни, па наутро мора повторно да внесувате кофеин со цел да се разбудите. Луѓето кои воопшто не пијат кафе имаат подлабок и поздрав сон од оние кои внесуваат дури и малку кофеин во своето тело. Додека организмот ви се навикнува одново да живее без кофеин, големи се шансите дека ќе чувствувате силен умор, но откако ќе се навикне, вие ќе имате повеќе енергија отколку кога сте пиеле кафе.
6. Ќе бидете посмирени
Кофеинот е стимуланс кој го поттикнува нервниот систем и лачењето адреналин во телото, па токму затоа и нè прави понервозни и поподложни на стрес. Тој меѓу другото ги стеснува крвните жили и на тој начин го зголемува крвниот притисок.
6. Ќе ви се подобри варењето на храната
Познато е дека кофеинот во кафето го поттикнува варењето на храната, но поради својата висока киселост може да создаде и дијареја. Неговото елиминирање ќе ви помогне многу при итните посети на тоалетот.
7. Ќе ви недостасуваат антиоксиданси
Кафето е огромен извор на антиоксиданси, елементи кои се важни за работата на целиот организам. Студиите ни покажуваат дека жените кои пијат кафе имаат помал ризик од заболување од рак на дојки, а пиењето 3 до 5 шолји кафе на ден го намалува ризикот од срцеви заболувања и смрт за 21%. Зелениот чај е исто така еден од најголемите извори на антиоксиданси, па ако се одлучите да го исфрлите кофеинот од вашиот живот почнете да јадете повеќе овошје и зеленчук.