7 најдобри десерти со кафе

7 најдобри десерти со кафе

И попладневните часови од денот можат да бидат одлични за малку кафе и сладок десерт. Погледнете кои се најдобрите десерти со кафе, направени за уживање.

1. Сладолед со еспресо

(0) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

Едноставен и вкусен рецепт. Одберете си го омилениот вкус на сладолед и само полијте го со малку еспресо. Благиот вкус на сладоледот совршено се вклопува со горчината на кафето. Едноставно, мора да го пробате.

2. Мока колач

(1) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

Кога правите торта, во филот додајте и малку кафе. Ќе добиете одличен и невообичаен вкус. Секако, може да послужите со шолја кафе, за вистинските љубители.

3. Кафе и други додатоци

(2) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

Направете го кафето посебно искуство. Додадете крем, шеќер, цимет и други додатоци. Повикајте ги пријателите и уживајте заедно.

4. Шејк со кафе

(3) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

На класичниот рецепт за милкшејк, само додадете кафе. Ќе добиете сосема нов и прекрасен вкус.

5. Тирамису

(4) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

Ова можеби е најпознатиот десерт со кафе. Постои во многу варијанти, но која и да ја одберете нема да погрешите. Со или без алкохол, овој десерт е секогаш вкусен.

6. Колач со кафе

(5) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

Само земете готов колач од супермаркет и при секое послужување одозгора посипете со малку еспресо или друг вид кафе. Лесно и вкусно.

7. Чизкејк со кафе и карамел

(6) 7-najdobri-deserti-so-kafe-kafepauza.mk

Направете ја основата на чизкејкот, а при мешањето на другата смеса додадете и кафе. На крајот посипете со течен карамел. Резултатот ќе биде одличен.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар