6-те грешки со коишто го поништувате позитивното дејство на кафето
На некој начин, кафето е навистина магичен пијалак. Многу истражувања ги покажале здравствените придобивки од него – од намалување на ризикот од деменција, па сè до забрзување на метаболизмот. Се разбира, на повеќето од нас најважна ни е енергијата што ја добиваме од него. Но несвесно правите неколку грешки со кои го намалувате позитивното дејство на кафето, а во продолжение погледнете кои.
1. Купувате мелено кафе
Можеби е потребно малу повеќе труд за да го смелете вашето кафе, но едно истражување покажало дека купечкото мелено кафе содржи многу повеќе слободни радикали кои можат да предизвикаат оксидативен стрес и воспалителни процеси во вашето тело.
2. Го чувате кафето во кесата во којашто сте го купиле
Наместо во кеса, зрната кафе чувајте ги во херметички затворен сад. Друго истражување покажало дека нивото на слободни радикали во кафето се зголемува кога е изложено на воздух. Во овој случај корисните антиоксиданси од кафето се „трошат“ за да се неутрализираат слободните радикали. На тој начин остануваат помалку антиоксиданси за вас.
3. Пиете кафе рано наутро
Пиењето кафе во 7 часот наутро нема да има големо влијание на вашето ниво на енергија. Причината е што нивото на хормони на стрес е највисоко откако ќе се разбудите и имате природна залиха на енергија. Експертите се согласуваат дека најдобриот период за пиење кафе е помеѓу 10 и 12 часот, односно кога нивото на хормонот кортизол почнува да се намалува. На овој начин ќе ја искористите природната енергија, а кофеинот ќе го зачувате за подоцна.
4. Пиете премногу кафе
Повеќе не е секогаш подобро. Здравствените придобивки од кафето исчезнуваат по 5-6 шолји од по 230 милилитри, што е отприлика 400 милиграма кофеин. Консумирањето премногу кафе нема да ви помогне, туку напротив, може да предизвика штета.
5. Користите премногу додатоци за кафе
Еден од најдобрите „несакани“ ефекти на кафето е намалување на шеќерот во крвта и намалување на ризикот од дијабетес. Но што кога во кафето ќе ставите шеќер? Истражувањата на оваа тема се поделени – некои се согласуваат дека со додавањето малку шеќер сепак можете да го намалите ризикот од дијабетес, додека други тврдат дека ова е невозможно. Па, обидете се да се држите до препорачаното дневно количество шеќер и во кафето ставајте многу малку.
6. Предолго ја пиете шолјата кафе
Веројатно ви е позната оваа ситуација – сте направиле шолја кафе, сте испиле неколку голтки, а потоа сте го заборавиле неколку часа. Доколку често ви ве случува ова, имајте на ум дека со текот на времето киселоста на кафето се зголемува. Ова не преставува голем ризик, но вишокот киселина може да предизвика проблеми со варењето. Исто така кафето кое стоело долго има помалку антиоксиданси, па немојте да го пиете подолго од 20 минути.
Дознајте и кои се предностите од секојдневното пиење кафе.