6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе
Не постои ништо поубаво од топло кафе за време на студено есенско утро. Но, некои луѓе пијат по неколку кафиња дневно, па токму оваа навика може да доведе до намалување на уживањето во вкусот. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве лесни начини како да го надградите вашето кафе и да уживате во секоја голтка со нов вкус.
Додајте сол за да ја скриете горчливоста
Можеби ви звучи лудо, но натриумот се поврзува со вашите рецептори за вкус што го детектираат горчливото и го бришат негативното влијание.
Ставете цимет во филтерот пред да додадете кафе
На овој начин ќе ги избегнете оние здодевните грутчиња што се создаваат од циметот и ќе добиете инстант миризба што ќе се прошири низ целата ваша кујна.
Користете чоколадно млеко наместо обично
Спонтано мока лате? Да, ова откритие може да ви го промени животот!
Направете си пена од млеко
Не ви е потребна којзнае каква технологија за да направите пена од млеко. Сè што треба да направите е да сипете млеко во мал сад со капак, добро да го промешате, а потоа да го ставите на 30 секунди во микробранова. Повелете и друг пат.
Мешајте го инстант кафето со ладна вода
Без разлика дали планирате да пиете ладно или топло инстант кафе, основата измешајте ја со ладна вода. На овој начин кафето подобро и подеднакво ќе се разложи и нема да го чувствувате вкусот на прашокот.
Млечно чоколадни ледени коцки за вашето кафе
Исто како десерт, но со кофеин. Направете ги ледените коцки така што ќе сипете млеко и изрендате чоколадо во калапите. Уживајте!