5 вкусни десерти за вистинските љубители на кафето
Кафето не е само ароматичен пијалак кој ни помага да се разбудиме. Кафето е и одлична состојка за многу различни десерти. Познатите десерти кои веројатно знаете како да ги готвите можат да биде одлично надополнети со нов, неодолив вкус благодарение на кафето. Ова се 5-те десерти со кафе кои се лесни за подготовка и нема да ви одземат многу време:
1. Палачинки со кафе
Потребни состојки:
- 240 грама брашно
- 1 лажичка кафе во прав (или мелено, природно кафе)
- 2 лажички шеќер
- 1 лажичка прашок за печиво
- 30 грама путер
- 230 милилитри млеко
- 1 јајце
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
Во длабока чинија измешајте го брашното, кафето во прав, шеќерот, прашокот за печиво и сосем малку сол. Мешајте ги состојките додека не се соединат добро. Стопете го путерот во мала чинија и потоа додајте го стопениот путер и млекото во сувите состојки и скршете го јајцето во истата чинија. Измешајте добро со миксер или со лажица за матење.
Загрејте едно тавче кое не лепи (нема потреба да го премачкате со путер). Внимателно истурете една лажичка од смесата во тавчето. Кога ќе видите како се појавуваат меурчиња на палачинката, превртете ја. Пржете ги палачинките додека не добијат златно кафеава боја на втората страна. Потоа ставете ја во чинија и внимателно полијте ја со вашиот омилен прелив или џем. Добар апетит!
2. Чоколадни колачиња со кафе
Потребни состојки:
За тестото:
- 75 грама путер
- 300 грама брашно
- 100 грама кокос во прав
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за печиво
- 250 грама шеќер
- 1 јајце
- 100 милилитри јако кафе
- 150 милилитри јогурт со висока масленост
За преливот:
- 100 грама путер
- 70 грама темно чоколадо
- 50 грама кокос во прав
- 115 грама шеќер во прав
- 1 лажичка инстант кафе
Начин на подготовка:
Најпрво, стопете го путерот за да го направите тестото. Потоа во длабока чинија, измешајте ги сите суви состојки: Брашното, кокосот во прав, шеќерот, сода бикарбоната и прашокот за печиво. Промешајте добро со лажица за матење.
Изматете ги јајцата и јогуртот во посебна чинија, па потоа додадете ги на сувите состојки и измешајте. Ставете хартија за готвење во калап (најдобро е да ставите два слоја хартија). Наполнете ги со 3/4 од смесата. Најдобро е да користите слаткарски шприц, но доколку немате можете тоа да го направите и со лажица.
Ставете ги да се печат во рерна која претходно сте ја загреале на 175 степени Целзиусови. За 15-20 минути, проверете дали се готови со помош на чепкалка за заби. Ако се готови чепкалката ќе биде сува.
Следен чекор е да се подготви преливот. Омекнете го путерот на собна температура и потоа матете го со миксер 5 минути. Додавајте го кокосот и шеќерот во прав постепено во три етапи. Промешајте добро секој пат кога ќе додадете од шеќерот и кокосот во прав. Смесата може да изгледа премногу цврста, но така треба да биде.
Стопете го чоколадото и додајте го на крајната смеса и потоа додајте го и инстант кафето. Промешајте добро. Ставете од смесата во слаткарски шприц и оставете ја 20 минути во фрижидер да се излади за кремот да стане цврст. По ова, многу лесно ќе ги прелиете колачињата со кремот.
По 20 минути, извадете го кремот од фрижидер и прелијте ги колачињата со помош на слаткарскиот шприц. Уживајте во десертот!
3. Домашен сладолед од кафе
Потребни состојки:
- 450 милилитри шлаг пена
- 150 милилитри млеко
- 110 грама кафеав шеќер
- 5 жолчки од јајце
- 2 лажички мелено кафе
Начин на подготовка:
Направете мала количина јако еспресо. Измешајте го млекото со шлагот во мало тенџерче и ставете го на шпорет да се загрее додека не го видите првото меурче. Матете ги заедно жолчките и шеќерот со миксер додека не добиете глатка смеса.
Мешајќи постојано, внимателно истурете го топлото млеко со шлагот во садот со жолчките. Потоа вратете ја смесата назад во тенџерчето и ставете ја на шпорет, па продолжете да мешате додека не стане цврста. Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и мешајте уште 1-2 минути.
Ставете ја смесата во пластичен сад, додадете 50-70 милилитри еспресо, промешајте и затворете го садот. Оставете смесата да се излади на собна температура и потоа оставете ја во замрзнувач додека не стане целосно цврста. Одвреме-навреме, вадете ја од замрзнувачот (3-4 пати) и матете ја со миксер за сладоледот да замрзне подеднакво од сите страни. Вкусно!
4. Парфе со кафе
Потребни состојки:
- 300 грама рикота сирење
- 4 лажички шеќер
- 2 лажички природно мелено кафе (или квалитетно инстант кафе)
Начин на подготовка:
Измешајте го шеќерот, сирењето и инстант кафето во длабока чинија. Мешајте додека состојките не се соединат добро (додека шеќерот не исчезне комплетно). Потоа ставете ја смесата во калап и оставете ја во фрижидер да се излади 1 или 1 и половина час. Можете да го украсите десертот со изрендано чоколадо или чоколадни колачиња.
5. Пуслици со кафе и лешници
Потребни состојки:
- 220 грама лешници
- 1/4 лажичка сол
- 4 белки од јајца
- Лимонов сок по избор
- 110 грама шеќер
- 150 грама шеќер во прав
- 2 лажички мелено кафе (или квалитетно инстант кафе)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Ставете ги лешниците во тепсија и потоа во рерната на 10-12 минути. Извадете ја тепсијата и ставете ги лешниците во крпа. Тријте ги едни со други за да ги отстраните лушпите. Потоа оставете ги да се изладат.
Намалете ја температурата на рерната на 100 степени Целзиусови. Измелете ги лешниците со солта во блендер додека смесата не стане кремаста и мазна. Изматете ги белките од јајца и лимоновиот сок со поголема брзина 1 минута. Постепено додавајте шеќер и кафе и промешајте уште 5 минути. Потоа додадете шеќер во прав и мешајте ја смесата уште 8-10 минути, па префрлете ја во длабок сад.
Со помош на лажица, ставете ги пуслиците на тепсија покриена со хартија за готвење. Попрскајте го десертот со кафе како декорација. Оставете да се пече 2 до 2 и половина часа. Оставете ги пуслиците да се изладат во рерната некое време и потоа послужете го десертот. Бон апетит!