5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

Утринскиот ритуал на подготвување кафе со сè уште неотворени очи е еден од оние моменти, кои го споделуваат милиони луѓе во светот. Богатиот и расонувачки вкус на топлото и свежо кафе, секогаш помага да се чувствувате подобро, уште при првата голтка. Покрај тоа што ви помага при освестувањето, доброто во него е тоа што доколку не го наполните со шеќер, млечен крем или некој друг засладувач, тоа има многу малку калории. Истражувања за кафето можете да најдете секакви, дека тоа е добро или лошо, здраво или штетно и што ли уште не. Па затоа за вас, денеска одвоивме 5 причини поради кои кафето треба да ви биде и да ви остане близок пријател.
5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

Добро е за дијабетичари

Антиоксидансите во кафето играат многу важна улога, а тоа е подобрување на чувствителноста на клетките од инсулин, кој помага за регулирање на шеќерот во крвта. Всушност, според некои истражувања, луѓето кои пијат 4 или повеќе шолји кафе дневно, имаат помали шанси да добијат дијабетес тип 2. Други истражувања, пак, покажуваат дека кофеинот може да ја намали сензибилноста од инсулинот врз клетките, па така, доколку пиете неколку шолји дневно, понекогаш треба да менувате со безкофеинско кафе.

Го штити вашето срце

Доколку умерено косумирате кафе (1 до 3 шолји дневно), тогаш шансите да добиете срцев удар ви се многу помали, отколку на оние лица кои воопшто не го консумираат, повторно благодарение на антиоксидансите кои ги содржи кафето. Кафето содржи повеќе антиоксиданси, дури и од порција боровинки. Овие антиоксиданси можат да ви помогнат да го избегнете штетниот ефект на воспалението на артериите. Веднаш откако ќе го испиете кафето, ви се покренува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, но гледајќи на долг рок, тоа всушност може да ви го намали крвниот притисок, бидејќи антиоксидансите во кафето ослободуваат азотен оксид, кој ги проширува вените.

5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

Одлично е за црниот дроб

Иако истражувањата за оваа област се лимитирани, но сепак тие покажуваат дека консументите на кафе имаат помали шанси да добијат цироза или друго заболување на црниот дроб. Една анализа на девет истражувања открила дека 2 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за добивање рак на црниот дроб за 43%. Кофеинот, но и антиоксидансите се тие кои превентивно делуваат против рак и воспаление на црниот дроб.

Помага при главоболка

Кафето помага за победување на главоболката, и тоа не само онаа предизвикана од прескокнувањето на дневната доза кафе. Истражувањата покажуваат дека 200 милиграми кофеин (околу 470 милилитри варено кафе), обезбедува ослободување од главоболката. Сè уште не е сосема јасно како кафето помага при победување на главоболката. Но, научниците знаат дека кофеинот ја зголемува активноста на мозочните клетки, предизвикувајќи стегање на околните крвни садови. Според една од теориите, ова стегање помага да се намали притисокот предизвикан од болката.
5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

Ја подобрува работата на мозокот

Истражувањата покажуваат дека, пиењето 1 до 3 шолји кафе дневно може да го намали ризикот од Деменција, Алцхајмеровата болест и од Паркинсоновата болест. Антиоксидансите ги чуваат мозочните клетки од оштетување и им помагаат на невротрансмитерите, инволвирани во извршување на когнитивните функции, да работат подобро.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. DRAGI TRAJKOVSKI Reply

    SITE 5 PRICINI SE NAVISTINA TOCNI
    JAS PIJAM CETIRI DO PET SOLJI KAFE NA DEN
    I MISLAM DEKA E PREKRASNO I NEVEROJATNO KORISNO.
    EDINSTVEN PIJALOK STO GO SAKAM I OBOZAVAM
    PIENJETO KAFE E NAJUBAVATA POTREBA NA DENOT
    POSLE SEKSOT SE RAZBIRA.
    ODLICNA RECENZIJA ZA KAFETO

  2. fance Reply

    sve sto se konzumira vo umereni dozi za upotreba e ok. a se sto se preteruva sozdava problemi <3 dobri ste prodolzete taka

  3. Дени Reply

    1 доволно добра причина зошто ТРЕБА да се откажете од кафето:
    Доколку имате покачен крвен притисок и Вашиот лекарот ви забрани да го пиете 😀

  4. renata Reply

    ako se pretera so kafe moze i tahikardija da se javi. jas toj problem go imam.

Остави коментар