4 ситуации во коишто никако не смеете да пиете кафе
Слободно можеме да кажеме дека кафето е единствениот порок што е добар за нашето здравје. Голем број истражувања го поврзуваат кафето со намалување на ризикот од деменција, забрзување на метаболизмот и намалување на ризикот од развивање рак. Имајќи го ова на ум, како и со сè друго во животот, така и со кафето треба да се има мера, доколку сакате да ги искусите само позитивните аспекти.
Покрај здравствените придобивките, кафето ни дава и многу енергија, притоа помагајќи ни да го поминеме секој ден подобро. Но, ако не внимавате, тоа може да има и негативни ефекти на вашиот организам, па затоа во одредени ситуации подобро е да го избегнувате. На тој начин, ќе го намалите ризикот да ви биде лошо и да се чувствувате уште поуморно.
1. Ако кафето е претопло
Почекајте кафето барем малку да се олади пред да почнете да го пиете. Според новите истражувања, пиењето пијалак што е потопол од 65 степени го зголемува ризикот од рак на хранопроводот.
2. Ако страдате од анксиозност
Ако се чувствувате како да сте „на работ“ по пиењето само една шолја кафе, тогаш кофеинот може негативно да влијае на вашата анксиозност. Кофеинот има стимулативно влијание на нервниот систем бидејќи поттикнува лачење на кортизол (хормон на стрес) што може да ви го зголеми чувството на тегобите и проблемите со спиење што се најизразени кај личности што патат од напад на паники и имаат социјална фобија. За да го намалите влијанието на кофеинот, обидете се да го намалите количеството на кафе што го пиете, и последната шолја кафе испијте ја најмалку 6 часа пред спиење.
3. Ако не сте спиеле цела ноќ
Кафето може да ви изгледа како идеално решение доколку сте се разбудиле ненаспани, но тоа може да ви помогне само до одредена граница. Кофеинот престанува да биде ефективен ако три дена по ред сте спиеле помалку од пет часа. Причината е тоа што недостатокот на сон влијае на пад на вашите ментални способности што ниту една количина кофеин не може да ја поправи. Ако не успеете да отспиете барем 7 часа во текот на ноќта, подобро целосно прескокнете го кафето и ако навистина ви треба енергија, пробајте да дремнете 20-тина минути.
4. Ако сè уште не сте расонети
Пиењето кафе во 7 часот наутро нема многу да влијае на нивото на вашата енергија. Причината е во тоа што вашите хормони на стрес се на највисоко ниво веднаш по будењето поради што и природно добивате наплив на енергија. Експертите се согласуваат дека најдоброто време за консумирање кафе е некаде помеѓу 10 и 12 часот, кога нивото на кортизол почнува да опаѓа.
Погледнете ги и овие 8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе.